Close Menu
Press24
    Најново

    Нов топлотен бран во Европа, температури до 43 степени – Горештини најавени и во Македонија

    07.07.2026 во 08:52

    Важна вест за жителите на Кисела Вода: Еднократна парична помош за штетите од невремето, еве како да аплицирате

    07.07.2026 во 08:41

    Од денеска повисоки цени: Поскапеа бензинот и дизелот

    07.07.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нов топлотен бран во Европа, температури до 43 степени – Горештини најавени и во Македонија
    • Важна вест за жителите на Кисела Вода: Еднократна парична помош за штетите од невремето, еве како да аплицирате
    • Од денеска повисоки цени: Поскапеа бензинот и дизелот
    • Ѓорѓиевски: Светна уште еден мост – Мал детал што носи голема разлика
    • Температурите во 8 часот низ Македонија – Доаѓаат уште поголеми горештини, но и невреме
    • Нов Кодекс на новинари: Нови стандарди за професионално и етичко известување
    • Нови правила за пратениците: Собранието со Кодекс за поголема одговорност и етичко однесување
    • Денеска е Иванден, раѓање на Свети Јован Крстител – Обичаи кои се пренесуваат со генерации
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нов топлотен бран во Европа, температури до 43 степени – Горештини најавени и во Македонија

    Нов топлотен бран во Европа, температури до 43 степени – Горештини најавени и во Македонија

    07.07.2026 во 08:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европа се подготвува за нов период на високи температури, откако над Атлантскиот Океан се создава топлотен бран кој во текот на неделата се очекува да зафати повеќе региони на континентот.

    Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, д-р Ханс Хенри П. Клуге, предупреди дека се можни екстремни температури во повеќе земји.

    Највисоки температури се прогнозираат во Португалија и јужните делови на Шпанија, каде што се очекува термометрите да покажат и до 43 степени Целзиусови. Топлотен удар се најавува и за Франција и земјите од Бенелукс, додека во делови од Централна Азија температурите веќе надминуваат 40 степени.

    Поради очекуваните екстремни временски услови, СЗО одржа итен состанок со претставници од 41 земја-членка, Европската комисија и граѓански организации. Главна тема била подготвеноста на државите за справување со топлотните бранови, како и искуствата од претходните периоди со екстремни горештини.

    -„Многу луѓе и натаму не препознаваат дека се лично загрозени, дури и кога е прогласен црвен аларм. Во голем број држави недостигаат климатизирани јавни простори, а административните процедури често го одложуваат прогласувањето топлотен бран, што ја забавува реакцијата на здравствените служби“, предупреди Клуге.

    Од СЗО потсетуваат дека високите температури претставуваат сериозен ризик, особено за ранливите категории граѓани, и бараат навремени мерки за заштита на населението.

    УХМР за во Македонија најави стабилизација на временските услови. Прогнозите најавуваат претежно сончево и топло време, со постепен пораст на дневните температури.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Важна вест за жителите на Кисела Вода: Еднократна парична помош за штетите од невремето, еве како да аплицирате

    07.07.2026 во 08:41

    Од денеска повисоки цени: Поскапеа бензинот и дизелот

    07.07.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.