Ноќта во Косово помина тензично, а Вучиќ најави итна седница за денес во 10 часот

Тензично, но мирно во Косово, откако биле распоредени специјални единици на северот од провинцијата.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ за денеска со почеток во десет часот најавил одржување на седница, и тоа итна на Советот за национална безбедност.

Како што е најавено, ќе се разговара за Косово и Метохија.

По Јариње, транспаренти со натпис „Добредојдовте во Заедницата на српски општини“ се појавија синоќа во северниот дел на Косовска Митровица, пренесува Косово онлајн. Како што се наведува, плакатите биле поставени на влезот во градот, како и во самиот град.

Претходно, граѓаните кои протестираа во Јариње поради „мерките за реципроцитет“ воведени од Приштина, изработија транспарент на кој пишуваше „Добредојдовте во Унијата на српски општини“.

Новинарот на Танјуг, исто така, забележува дека вчера над оваа област летале хеликоптери на силите на КФОР, кои оцениле дека ситуацијата на терен е стабилна.

21.09.2021 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега