Зоран Заев по стапките на Црвенковски

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев повторно по стапките на Бранко Црвенковски, без избори сака да дојде на власт. Ова се докажа денеска кога со идентични барања како Црвенковски, и Заев денеска на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, побара  техничка Влада, иако само пред два месеци имаше избори на кои народот јасно го кажа своето.

Заев бара техничката Влада, што значи да води некои министерства без граѓаните да му дадат таква поддршка, а со тоа доволно ја следи политиката на СДСМ водена од Црвенковски, да се биде на власт без избори и без народна волја, иако таквото барање е нерационално и неприфатливо во цел свет. Иако не може, Заев сака да оди против волјата и мислењето на гласачите.

На ставот за техничка Влада, Заев остана и на денешната тет-а-тет средба со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Премиерот истакна дека е неприфатливо барањето за техничка Влада: - Се беше во мирна и фер атмосфера, но во еден момент Заев побара од мене денеска во изјава да потврдам формирање на техничка влада што за мене беше изненадување. Ми личи како некој да го посоветувал на таква работа. Нормално јас тоа не го прифатив, додаде Груевски.  

По средбата Заев изјави дека не е постигнат договор, со оглед дека немало разговор за техничка Влада, една од петте теми кои ги предочил пред премиерот.

- Мандатите на пратениците на опозицијата не беа констатирани на 18 овој месец и бев повикан на разговор од премиерот Груевски за да почнеме разговори за барањата на опозицијата. Тоа се пет теми кои денеска му ги предочив на премиерот и можам да соопштам дека не постигнавме договор. Нема разговор за темата техничка влада, изјави Заев.

За потсетување, на предвремените парламентарни избори во Македонија што се одржаа на 27 април, владејачката ВМРО-ДПМНЕ имаше предност од околу 200.000 гласови повеќе СДСМ.

24.06.2014 - 16:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега