Во спомен на жртвите од трагичните поплави денеска е ден на жалост во Бугарија

Во Бугарија е ден на жалост во спомен на жртвите од трагичните поплави во четвртокот, пренесува БГНЕС. 11 лица загинаа во водената стихија во Варна, а едно лице загина во Добрич.

Трагедијата започна во четвртокот вечерта, кога попладнето започна пороен дожд, опишан од очевидците како „водопад". Бугарија беше потресена од информациите за поплавите во Варна, каде имаше најмногу жртви.

Оваа природна катастрофа сепак покажа, и нешто ново за Бугарите - стотици волонтери од целата земја се вклучија за да им помогнат на луѓето да ги исчистат своите домови од насипите и калта, а во акцијата се вклучи и бугарската армија, како и бугарското Министерство за внатрешни работи.

23.06.2014 - 12:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега