Пирошки
Направете убави и вкусни пирошки, еве што ви е потребно
Смеса за палачинки
2 јајца
150 грама брашно
300 мл млеко
1 лажичка сол
За фил:
200 грама рендан кашкавал
200 грама сецкана салама
4-5 лажици мајонез
3 кисели краставички рендани
и после се поховаат со брашно, презла и јајца по потреба
Подготовка:
1. Ја приготвуваме смесата за палачинките. Се матат јајцата со солта се додава млекото и на крај брашното убаво се мати да се добие хомогена смеса
2. Ги печеме палачинките. Секоја палачинка ја филуваме ги превиткуваме краевите и виткаме во ролат. Кога ќе ги свиткаме сите палачинки ги поховаме прво во брашно па во јајце и во презла .
3. Во тава загреваме поголема количина зејтин и ги пржиме пирошките. Кога ќе поруменат се готови и ги вадиме на слфетки да се упие вишокот маснотија
Се служат топли.
Имајте добар апетит!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа