Отворено кафуле за жени во Камењане
Во тетовско Камењане се отвори првото кафуле за жени со поддршка на УСАИД. Причината за ваквата идеја да се отфори кафуле за жени, доаѓа од тоа што во Камењане најчесто во кафулињата има мажи.
Жените од Камењане велат дека менталитетот треба да се менува. Сега и тие имаат место во кое ќе можат да се дружат и да разменуваат идеи. Сопственичката Медина Синани вели дека со ова кафуле ќе се направи баланс меѓу местата кои ги посетуваат мажите и жените: - Би сакала ова жените да го прифатат, бидејќи е најдобро за нив“, вели Медина, пренесе МРТ.
Сопругата на американскиот амбасадор Пол Волерс, Мери Џо, ова го смета за голема поддршка за развој на бизнисот кај жените.
„Ова е многу повеќе од место за пиење кафе. Ова е место во кое можеме да го видиме успехот на жените кои се самовработиле. Како што можете да видите тука имаме рачни изработки, но и домашна храна кои ги изработиле жените“, изјави Мери Џо Волерс.
Кафулето „ФМ“ или како што го нарекуваат „Клуб на жени“ е отворено со поддршка на УСАИД, а целта е да се развие претприемништвото кај жените.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа