Српската Влада прогласи тридневна жалост

Српската Влада прогласи тридневна жалост на 21, 22 и 23 мај, премиерот  Александар Вучиќ истакна дека очекува в петок да биде укината вонредната состојба на подрачјето на Србија.

Тој соопшти дека во градот Обреновац досега биле пронајдени телата на 14 жртви на поплавите, лицето од Варварин, кое се сметаше за исчезнато, е пронајдено. 

На владината седница Вучиќ истакна дека најверојатно половина од жртвите се удавиле во надојдените води. - Резултатите од обдукцијата јасно ќе покажат за причините за смртта на секое лице, нагласи Вучиќ. 

Српскиот премиер додаде дека размерите на катастрофата која ја погоди Србија се десетпати поголеми отколку во останатите земји од регионот, но се надева дека тоа нема да се види и по бројот на жртвите.

Тој истакна дека во еден момент постоело верување оти поради временските услови и намалувањето на нивото на водата во реката Сава се гледа крајот на катастрофата, но нагалси дека сепак се уште постои опасност.

20.05.2014 - 15:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега