ФОТО: Жителите на Обреновец - „не сакаме да си заминеме, ќе го преживееме и новиот бран“

Преку мегафоните граѓаните се известени дека мораат да ги напуштат своите домови или дека ќе останат на своја одговорност. Во градот не остнале само стари луѓе туку меѓу нив има и доста млади како и деца од 11 години. 

Српските репортери, го обиколија Обреновац, а веднаш потоа околу пет часот е упатен апел до сите да се евакуираат од градот поради заканата од новиот бран, откако реката Сава го проби насипот кај Забрежје. 

Фоторепортерите на Курир.рс. ги забележаа потресните слики на луѓето кои бегале од водената стихија. 

На самиот влез во градот налетале на големо езеро, но има и делови каде водата се повлекува. До црквата стигнале пешки, и налетале на македонски, руски и црногорски спасувачи кои им нуделе превоз. 

Обреновац изгледа како град на духовите или како воена зона, воените коли, џипови ги има низ целиот град за да ги евакуираат оние кои сакаат да избегаат. Некои од спасувачите се враќаа по неколку пати, а сепак некои од жителите одбиваа да ги напуштат своите домови. 

„Кога го преживеавме ова, ќе го преживееме и новиот бран“, се најчести извиците на луѓето од терасите на своите домови, а едно семејство затоа што има две голему кучиња кои не сака да ги остави и напушти. 

 

20.05.2014 - 14:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега