Ден на жалост во БиХ

Во Босна и Херцеговина денеска е Ден на жалост по катастрофалните поплави.

Одлуката за прогласување Ден на жалост ја донесоа владите на Федерацијата БиХ и на Република Српска.

Ден на жалост се одбележува со задолжително истакнување на знамето на БиХ на половина копје на зградите на државните институции.

Во Федерацијата БиХ настрадаа најмалку седум лица, додека во Република Српска досега се регистрирани 17 жртви од поплавите.

Од болестите кои му се закануваат на населението, но и на животните, Фејзиќ го издвојува антраксот, потоа предупредува и на ризици од стомачни инфекции.

- Драстичното зголемување на температурите е поволно за болестите кои ги пренесуваат инсектите, меѓу другите и вирусот „Западен Нил“, смета Фејзиќ. 

20.05.2014 - 12:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега