Цела награда од турнирот во Рим за поплавените во Србија

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ покажа што може славен и моќен човек со авторитет да направи за својот народ - кога навистина сака тоа да го направи. Поплавите во Србија и Босна се случија во време кога тој играше финале против Надал - на големиот турнир во Рим, на кој победи и доби награда од 500.000 евра. Ѓоковиќ ја искористи својата слава и авторитет и пред камерите од целиот свет им забележа на глобалните телевизии како СиЕнЕн и БиБиСи дека свесно ја игнорираат елементарната катастрофа и страдањата на луѓето од поплавите во Србија и Босна... на објективот од една камера напиша - Оваа победа е за Србија и Босна... ден потоа, Босна и Србија со елеменатарната катастрофа веќе се најдоа на ударните светски вести по глобалните телевзиии, а потоа почнаа и најавите за помош. Но, не застана Новак тука. Денес изјави дека наградата како победник на турнирот во Рим, од 500.000 евра ја донира за настраданите во поплавите... парите ќе се потрошат на обнова на школи и градинки во поплавените подрачја. Дополнително на овој износ, Ѓоковиќ минативе денови преку својата фондација собра уште 100.000 долари за истата цел. Тоа е разликата помеѓу Новак Ѓоковиќ и другите шампиони.

19.05.2014 - 21:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега