Невработеноста во Чешка намалена за 7,9%

Според најновите податоци од Заводот за вработување невработеноста во Чешка во април, бележи намалување за 0,4 поени на 7,9 проценти, а без работа се 574.908 луѓе, јави дописникот на МИА од Прага.

Трендот на намалување на невработеноста во Чешка започна во јануари кога ја имаше достигнато најголемата вредност во историјата на земјата, 8,6 проценти, а се должи на сезонската работа и закрепнувањето на чешката економија.

Бројот на слободни работни места во април изнесува 44.246 и за едно работно место во моментов има 13 кандидати.

Според Европската статистичка служба, Евростат, невработеноста во Чешка се уште е под европскиот просек. 

12.05.2014 - 11:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега