Врховниот суд на Грција дозволи „Златна зора“ да учествува на изборите

Врховниот суд на Грција дозволи крајнодесничарската партија „Златна зора“ да учествува на европските избори закажани кон крајот на овој месец.

Одлуката на судот доаѓа наспроти повиците организацијата да биде забраната, додека нејзиниот лидер Никос Михалолиакос и голем број други нејзини високи претставници се во затвор пред почетокот на судскиот процес против нив за членство во криминална организација, убиство, пожар, изнуда и други злосторства.

Врховниот суд на Грција одобри 43 партии, што ќе учествуваат на изборите за Европскиот парламент закажани во земјата за 25 мај. Постапката во принцип е рутинска, но граѓани побараа Златна зора да биде исклучена од учество на изборите, бидејќи нејзините лидери се под истрага за серија напади врз имигранти и политички противници.

Се очекува крајноседничарската партија да се претстави добро на изборите за Европскиот парламент, кои во Грција ќе бидат спроведени истовремено со локалните избори во земјата.

Според анкетите Златна зора може да очекува меѓу трето и петто место на европските избори.

Крајноседничарската грчка партија, која за првпат влезе во парламентот во 2012 година, по незадоволството од масовната невработеност и приливот на илегални имигранти во земјата.

12.05.2014 - 09:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега