Русија ја предупредува Украина за хуманитарната катастрофа

Русија денеска ја предупреди Украина дека може да дојде до хуманитарна катастрофа во некои градови, блокирани од украинската армија во источниот дел на земјата.

Хуманитарна катастрофа се најавува во блокираните градови. Констатиран е веќе недостиг на лекови и прекинато е снабдувањето со преханбени продукти, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Казнените акции на украинските сили водат до нови жртви меѓу цивилното население, се наведува во документот.

Во соопштението Москва ги повикува украинските власти да стават крај на крвопролевањата и да седнат на преговарачка маса со цел да најдат излез од кризата.

05.05.2014 - 19:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа