"Пред да умре пееше" - се отвори докторот на Тито

87 - годдишниот Предраг Лалевиќ кој бил хирург и анестезиолог, а 16 години работел како личен доктор на претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито ги опишува последните месеци од животот на маршалот.

Во претпладневните часеви започна хемодијализата. Меѓутоа, после извесно време, дошло до крај на крвниот притисок кој не се поправувал, со што морала да биде прекината. Целиот персонал, лични доктори, најдобрите и најстручните медицински сестри кои го негувале претседателот, се собрале околу креветот.Тито полека заминувал. Респраторот нормално работел, но ЕКГ апаратите запазувале промени кои укажувале на блискиот крај. Конечно, во 15:05 часот ЕКГ апаратот покажал рамна линија и цела Југославија се завила во црно.

-Го исклучив респираторот, ЕКГ мониторот, пејсмејкерот и електронската пумпа за вбризгување лекови во вената. Потоа ја напуштивме собата и започнавме да го составуваме завршниот извшетај за претседателското лекување и смртта, вели тој.

Тито повремено сонувал Кинези и пеел на руски. А докоторот вели дека смртта на Тито ја доживеал како пораз, како и секој друг доктор.

05.05.2014 - 14:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега