Парализиран слушал како лекарите сакаат да му ги извадат органите

Маж од Шведска кој останал парализиран одлучил да ја тужи болницата каде престојувал бидејќи лекарите и зборувале на неговата ќерка дека тој ќе умре и дека таа треба да потпише согласност за да му се извадат органите, а тој едноставно не можел да се помрдне.

- Слушнав како и зборуваат на мојата ќерка дека нема надеж за мене. Не можев ништо да направам. Можев слушам, но не и да се помрднам или да гледам, вели тој.

Откако имал шлог пред две години додека бил на вечера со саканата, Швеѓанинот чекал цел час за да го префрлат во болница, поради што и останал неподвижен. 

- Ги слушнав лекарите како и велат на мојата ќерка дека ми е премногу слаб мозокот, дека нема да издржам. Ми ги тестираа органите да видат дали можат да ги дадат на друг, вели тој.

Ако еден поискусен доктор не се врател од одмор, веројатно тогаш Швеѓанинот немало да биде жив. Тој му помогнал и така започнал брзо да се опоравува. Вели дека поминал хорор и постојано размислувал кога ќе го запалат жив мислејќи дека нема надеж за него.

Сега ја тужи болницата за стресот и болката кои ги претрпел.

07.04.2014 - 15:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега