Руски воjник уби украински офицер на Крим

Министерството за одбрана во Киев соопшти дека синоќа руски војник застрелал украински воен офицер во источен Крим.

Oва е еден од малкуте инциденти со смртни последици за кои е информирана јавноста, откако Русија ја презеде контролата врз црноморскиот Полуостров.

Украинските војници се напиле во селото Новофодоровка и се скарале со руските колеги крај граничниот премин, каде Украинците претходно биле на служба, посочуваат руските медиуми, според кои убиениот е офицер на украинските копнени сили.

Руски војник, кој се здобил со телесни повреди, во самоодбрана пукал кон мајорот Станислав Карачевски, соопштија од кримската истражна комисија.

Во врска со овој случај е поведена постапка за убиство, за која максималната казна е 15 години затвор.

Во текот на ноќта група пијани хулигани нападнале едно кримско воено одделение и стационар. Напаѓачите се нафрлиле врз припадници на МВР и една воена патрола во обид да им го одземат оружжјето. За време на акцијата еден од хулиганите бил приведен, а вториот бил ранет, но пред да пристигне возилото за брза помош им подлегнал на здобиените повреди. Тројца од напаѓачите успеале да побегнаат. 

07.04.2014 - 12:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега