Скулптура од Александар Ефтимовски ќе никне во Прилеп
Во центарот на Прилеп денеска ќе никне скулптурата „Две“ од македонскиот автор Александар Ефтимовски. Скулптурата е изработена од бел мермер и е дел од 47. издание на симпозиумот „Центар за современи визуелни уметности“ кој се одржува во Прилеп.
Преку проектот „Галерија на отворено“ досега се изложени 20-тина скулптури од реномирани учесници на симпозиумот „Центар за современи визуелни уметности“.
Александар Ефтимовски е роден во 1988 година во Скопје. Своето академско образование го стекнува во Италија. Во 2010 година дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Фиренца за склуптура и визуелна уметност, а потоа магистрирал на Академијата за ликовни уметности во Карара и се посветува на обработка на камен.
Авторот е добитник на неколку награди меѓу кои е и наградата за талентиран млад уметник од Министерството за култура на Република Македонија. Досега учествувал на бројни симпозиуми и групни изложби. Во галеријата „Кросовер арт галери веќе еден месец е поставена неговата самостојна изложба „Бело Злато-Метаморфоза“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа