ВИДЕО: „Ја однесов ќерка ми до олатар и сега можам спокојно да умрам“ - венчавка од која ќе ви течат солзи
11- годишната Џози Меч се венчаше, а до олтарот ја донесе нејзиниот татко. Имено нејзиниот татко можеби нема да биде жив за да ја испрати до олтарот кога таа ќе се одлучи да се венча, но сето ова и го овозможи фоотграфот Линдзи Вилатро.
Девојката ќе има незаборавно искуство кое можеби ќе и ја олесни тагата еден ден кога татко и нема да биде повеќе со неа.
Имено на таткото на Џими му е дијагностициран тумур на панкреасот и тој и неговата сопруга одлучија да ја ангажираат Линдзи, основачот на Love song фотографии, која од пред две години на тешко болните клинети им пружа услуги, докоментирани патувања од нивниот живот.
- Сакам да ја прикажам личноста, а не нивната болест, рекла Линдзи.
Таа на Џими и на неговата сопруга Грејс им понудила да снимаат и неколку фотографии со нивната ќерка, и после тоа на својата страница покренала акција за собирање пари за девојчето како би и помогнале својот последен роденде со својот татко да го помине на најубав можен начин.
Линдзи одлучила да оди еден чекор понапред и го смислила „венчањето“ како би и овозможила на Џози да го искуси тој момент кога татко ја води до олтар. Направила се што е потребно и за да биде како вистинска венчавка, набавила венчаница. Беше премногу емотивно и потресно. 11-годишното девојче целото време била покрај својот татко, во негова прегратка и плачела. Солзите не може да ги сокриени таткото на кој му се исполни последната желба а тоа е ќерката да ја одведе до олтар.
- Малку преплавена со чуства, но рекла дека ова е најубавиот ден во нејзиниот живот. И беше драго и била изгубена поради се, рекла фотографот која го снимила видеото и го поставила на Јутјуб кое го освои целиот сввет.
Погледнете го ова емотивно видео...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа