„Катар Ервејс“ бара стујардеси од Македонија

Авиокомпанијата Катар Ервејс бара стјуардеси и друг помошен персонал од Македонија, а отворените позиции се со седиште во Доха, Катар, објавува Курир.

Кандидатите кои се заинтересирани за работа во компанијата, ќе можат да се јават на интервју на 1. март во хотелот Холидеј Ин во Скопје.

Според распишаниот оглас, потребен е кабински персонал за во авионите на Катар Ервејс. Компанијата организира разговор со кандидатите, за тие да можат директно да ги дознаат условите за работа.

Кандидатите треба да приложат кратка биографија и фотографија со големина колку за пасош. За оние кандидати кои ќе влезат во потесен круг, ќе следи дополнителен процес на селекција и проверка на знаењата и вештините.

Катар Ервејс е авиокомпанија која својот кадар го регрутираше од балканските земји и преку интернет. Во моментов во компанијата работат голем број српски државјани.

21.02.2014 - 09:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега