Молк и свеќи и во Струмица, Валандово и Гевгелија: Граѓаните оддаваат почит на жртвите од Кочани
Со собир одбележан со молк, палење свеќи и потпишување во книгата на жалост вечерва на Градскиот плоштад во Струмица голем број граѓани им оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани, но и на струмичанецот Горги Горгиев (24), тапанар на групата ДНК, која трагичната вечер имаше концерт во дискотеката „Пулс“.
Со пароли во рацете младите испратија порка до институциите државата да функционира, а системот да биде без корупција.
Освен во Струмица, собири со молк и палење свеќи се одржаа во Валандово и Гевгелија.
18.03.2025 - 21:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа