(ФОТО) СДСМ: Пуцко Петрол бил омилен снабдувач на ДПМНЕ - и тоа со години

 
Пуцко Петрол бил омилен снабдувач на општините кои ги води ДПМНЕ и тоа подолг период, години наназад, реагираат утрово од СДСМ.
 
Само со три договори склучени со општина Битола, каде градоначалник  е Коњановски од ДПМНЕ, речиси 240.000 евра завршиле кај оваа компанија.
 
Ова се само 3 од над 170 договори за тендери кои општини и институции раководени од ДПМНЕ ги имаат склучено со Пуцко Петрол.
 
Јавноста знае дека тоа е бизнис изроден во времето кога ДПМНЕ и ДУИ беа коалиција. 
 
ДПМНЕ и Мицкоски треба да излезат пред граѓаните и да одговорат колку милиони народни пари преку општините, министерствата и други институции кои тие ги раководат завршиле кај Пуцко Петрол?, прашуваат од СДСМ.
15.03.2025 - 10:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега