Драма во Охрид: 30-годишник проголтал прашкаста материја при полициска контрола, завршил во болница
Вчера во 17.20 часот, на пресекот на улиците „Кленоец“ и „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е М.Ј.(30) од Охрид.
Тој, при контрола на неговиот патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки, проголтал опаковка со бела прашкаста материја по што е пренесен во Општата болница во Охрид.
По преземени неопходни медицински мерки, опаковката е обезбедена по што ќе следи вештачење.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
08.03.2025 - 10:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа