Михаел Шумахер се бори за живот - состојбата е критична

Состојбата на Михаел Шумахер се влошила во текот на изминатите часови и германските и француските медиуми пренесуваат дека сега е критична. Легендарниот Формула 1 возач денеска ја повреди главата при скијање во францускиот зимски центар Мерибел, а првично лекарите и неговиот менаџерски тим објавија дека се наоѓа во стабилна состојба и бил свесен при транспортот со хеликоптер до најблиската болница.

Сепак, вечерва ситуацијата се променила, односно влошила, па лекарите се обидуваат да ги неутрализираат последиците од силниот удар во главата кој сепак бил амортизиран од заштитната кацига која ја носел Германецот.

 

29.12.2013 - 23:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега