Британец измамил штипска компанија за 11.000 евра

 


СВР Штип поднел кривична пријава против К.К.К. од Велика Британија осомничен за кривично дело „компјутерска измама“.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, пријавениот е осомничен дека на 22 февруари 2022 година по електронски пат измамил за 11.005 евра правно лице од Штип. 

-Преку имејл порака до правно лице од Штип испратил  лажни банкарски инструкции за меѓународно плаќање, врз основа на кои правното лице на 24 февруари 2022 извршило плаќање во износ од 11.005 евра кон банкарска сметка на пријавениот, наместо на вистинскиот добавувач, информира МВР во дневниот билтен.

28.11.2024 - 16:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега