ЕСМ бара да поскапи парното во Скопје
ЕСМ бара да се зголеми цената на парното во Скопје. Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија „ЕСМ Дистрибуција на Топлина“ Скопје го поднесе барањето до Регулаторната комисија за енергетика, со кое бара промена на прогнозираниот трошок за набавка на енергија, кој за 2024 година изнесува 1.723.922.246 денари, како и на предадените количини на топлинска енергија од 472.622.547 kWh.
ЕСМ бара и зголемување на трошокот за гориво за 2024 година во износ од 12,92 отсто.
Регулаторната комисија повикува сите заинтересирани правни и физички лица да ги достават своите мислења и предлози во врска со ова барање најдоцна до 28 јануари 2025 година до 12 часот преку е-пошта erc@erc.org.mk, факс 02/ 32 33 586 или на адреса ул. Македонија бр. 25, палата Лазар Поп-Трајков, 6-ти спрат, 1000 Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа