Филипче: Не може да се игнорира Сојузот на борци во Тетово
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во одговор на новинарско прашање денеска рече дека СДСМ е против најавата за менување на улиците во Тетово потенцирајќи дека не може да се игнорира Сојузот на борци и да се бришат луѓето кои се вградиле во историјата на земјата. Филипче побара јавна дебата и да се почека резултатот од таа дебата.
-Тој процес треба да се прави само со широк консензус. Не може сериозни групи на граѓани како Сојузот на борци во Тетово да се игнорираат. Не може, поради тоа што се вложиле, се вградиле тие луѓе во градењето на историјата на оваа земја. Не може туку така некој со гума да ги избрише. Нека се отвори дебата па да видиме што ќе биде резултат на дебатата, рече Филипче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа