Со 180 километри на час се забил во полициско возило - Македонец направил карамбол во Србија

 

Македонски државјанин вчера бил уапсен во Бујановац, Србија, откако со своето возило кое го возел со огромна брзина, се забил во полициско возило и повредил полицаец.

Српските медиуми пренесуваат дека Македонскиот државјанин Ј.А. роден 2002 година, на автопатот кај Бујановац возел со 184 километри на час.

-  Ј.А. е задржан во полициска станица затоа што со брзина од 184 километри на час, со своето возило удрил во полициско службено возило и во таа прилика повредил полицаец. Оштетен е и полицискиот радар. Материјалната штета се проценува на 2 милиони динари, велат од српската полиција.

Неофицијално, несреќата се случила на дел од автопатот помеѓу Бујановац и Прешево.

Засега не се познати повеќе детали.

28.01.2025 - 08:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега