"Гугл" ги преименува Мексиканскиот Залив и Денали по наредба на Трамп

 


„Гугл“ вчера објави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во „Заливот на Америка“ на „Гугл мапс“ откако администрацијата на Доналд Трамп ќе ги ажурира своите „официјални владини извори“. Компанијата објави и дека ќе почне да го користи името „Планината Мекинли“ за планината на Алјаска која моментално се вика Денали, пренесува Си-ен-би-си.

Минатата недела, претседателот Доналд Трамп потпиша прописи кои вклучуваат промена на името на официјалните карти и во официјалните комуникации на федерално ниво.

 

„Добивме неколку прашања за имињата во рамките на Гугл мапс“, се вели во објавата на социјалната мрежа Икс.

„Нашата долгогодишна практика е да ги спроведуваме промените на имињата кога тие се ажурираат во официјални владини извори“.

28.01.2025 - 09:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега