Ужас во Белград: Маж пукал во сопругата и синот
Белград во шок по ужасниот семеен инцидент во населбата Бежанијска Коса. Еден маж, чиј идентитет засега не е познат, отворил оган врз сопругата и синот, предизвикувајќи тешки повреди.
Според првичните информации кои ги пренесуваат медиумите, синот е погоден во стомак, асопругата во нога. По инцидентот, полицијата брзо реагирала и го уапсила насилникот, кој притоа се обидел да си го одземе сопствениот живот.
Истрагата за овој трагичен настан е во тек, а мотивите за овој брутален чин се истражуваат.
28.10.2024 - 15:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа