Безбедносна камера го сними цел напад во Анкара: Четвроица загинати и 14 повредени

 

Четворица загинати и 14 повредени е последниот познат биланс од терористичкиот напад во просториите на компанијата „Турска воздухопловна индустрија“ (ТУСАШ) во предградие на Анкара. 

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалната мрежа Х соопшти дека двајца од напаѓачите, маж и жена, се неутрализирани.

-Двајца осомничени за нападот – еден маж и една жена – се неутрализирани. Тројца повредени се во тешка состојба. Нашата борба ќе продолжи одлучно додека не се неутрализира последниот терорист, додава тој во објавата на Икс, во која нема информација дали во инцидентот учествувале само две лица или имало повеќе.

Локалните медиуми објавија дека терористите активирале автомобил-бомба на влезот на комплексот, по што отвориле оган. На видео од безбедносна камера, објавено на Х, се гледаат двајца вооружени напаѓачи кои до комплексот доаѓаат со такси, а потоа влегуваат во зградата.

23.10.2024 - 19:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа