Полицијата приведе криминалец од струмичко - ќе лежи во затвор три години и шест месеци
Полициски службеници од СВР Струмица вчера, во 23:40 часот, во струмичкото село Ангелци го привеле Д.П.(22), осуден на три години и шест месеци казна затвор, информираат од МВР.
Дваесет и две годишниот Д.П.(22) од селото Ангелци бил осуден на три години и шест месеци казна затвор за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“, а било баран по потерница за доиздржување на три години и два месеци од казната.
Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.
10.10.2024 - 11:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа