Серија апсења на повеќе локации во Македонија - приведени 24 лица

 


Во текот на вчерашниот и денешниот ден полицијата масовно апсеше на повеќе локации во државава при што приведени се 24 лица.

Вчера во 23.40 часот во село Ангелци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.П.(22) од село Ангелци. Тој бил осуден на три години и шест месеци казна затвор за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“, а било баран по потерница за доиздржување на три години и два месеци од казната. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.

Вчера во 01.10 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.И.(29) од Гостивар поради сомнение за инволвираност во трговија со дрога и затоа што бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.

Вчера во 18.30  часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија во ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.Б.(36) од кавадаречко село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две ловечки пушки кои ги поседувал без соодветна документација. Ј.Б. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 21.40 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.М.(26) од Тетово поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 21.30 часот на регионален  пат с.Пирок - Тетово, кај селото Долно Палчиште, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода М.А.(21) и Е.Ѕ.(22), двајцата од Боговиње, и Л.И.(20) од с.Синичане. При преглед кај нив и во патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 21.50 часот на регионален пат Тетово – Скопје, во село Желино, полициски службеници од Полициското одделение Групчин  ги лишиле од слобода Б.Ф.(18), В.Ф.(22) и И.З.(22), сите од тетовска Палатица, При преглед кај нив и во патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени марихуана и ризла. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.   

Вчера во 08.40 часот во с.Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле В.С.(70) од с.Врапчиште, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Денеска во 01.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 21.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 19.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.В.(31) од Грузија затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и кафеава грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 16.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(49) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени жолта прашкаста материја и два ножа. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Вчера во 13.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Д.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 19.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.В.(19) и Д.М.(19), двајцата од Штип. При преглед кај нив и во возилото „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М., кај С.В. била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 22.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Ѓ.М.(33) од село Долни Липовиќ, радовишко и Г.В.(51) од село Лубница, општина Конче, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.   

Вчера во 21.45 часот на Граничниот премин Долно Блаце,  на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.Т.(71) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции Скопје за понатамошна постапка.

Вчера во 09.10 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници ги привеле С.С.(29) и Р.П.(23), двајцата од Непал, кои илегално оствариле влез во државата. Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово, а судија од Основен суд Куманово по претходна постапка донел пресуда со кое на лицата им се изрекува парична глоба и прекршочна санкција –  протерување на странец од земјата во траење од една година.

Вчера во 20.45 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го привеле М.Н.(36) од Република Србија затоа што илегално ја поминал границата од Грција кон РСМ. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија за понатамошна постапка. 

10.10.2024 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега