Инцидент во ресторан во Прилеп: На сила влегле, истуриле запалива течност и предизвикале пожар

 


Денеска околу 02.00 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека непознати лица со употреба на сила влегле во угостителски објект на ул. „Архиепископ Доситеј“ и со запалива течност предизвикале пожар. Од пожарот биле оштетени ѕидовите и дел од инвентарот во објектот.

За среќа, нема повредени лица, а пожарот бил брзо изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп.

Надлежните извршиле увид на местото на настанот, а јавен обвинител бил известен. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против сторителите.

10.10.2024 - 15:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега