Ѓорче Петров: Две деца пробале да силуваат свој соученик со шише
Вчера во двор на училиште во скопската населба Ѓорче Петров, две деца нападнале соученик и се обиделе со тврд предмет да извршат полово дејствие врз него, соопшти полицијата.
„На 08.10.2024 во 20:00 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11:00 до 15:00 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици. Според пријавата, насилниците со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствие врз него“, се вели во соопштението од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа