Апасиев: Заев и Филипче нема да одат во затвор - имаше обид да го поткупат Крмов
ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да удри на СДСМ, туку ќе води лични пресметки, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев. Во интервју за „Фокус“, тој потврдува дека своевремено имало обид за поткуп на пратеникот од оваа партија Борислав Крмов. Воедно, посочува дека се уште водат „црвен тефтер“, каде, како што порачува, запишани се стотина луѓе кои треба да бидат уапсени кога Левица ќе дојде на власт.
–Пресметките ќе бидат лични, а не политички. Ако некој се огрешил кон некој челник на ВМРО и го апсел сега ќе му се светат, а не дека тоа ќе биде системска борба против корупција. Големите риби ќе си останат на слобода, Заев ќе си остане, Филипче ќе си остане, сите тие си имаат дадено рака уште претходно, се знае до кај се маваат. Ќе одат во затвор некој втор, трет ешалон, некој што копал јаглен таму – вели Апасиев.
Тој не очекува дека некој влијателен функционер на ДУИ би завршил во затвор, бидејќи, според него, на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ добро им оди коалицирањето, бидејќи ДУИ во два наврати обезбеди двотретинско мнозинство. Коментирајќи на изјава што во една прилика ја даде неговиот колега пратеник од Левица Борислав Крмов дека му бил понуден поткуп, Апасиев вели:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа