30 евра за 900 метри: Скопски таксист „ошурил“ брачен пар од Австралија
Скопски таксист „ограбил“ брачен пар од Австралија, откако во саботата наплатил 1.700 денари за вожња од Ист Гејт до Железничка станица.
„Во саботата во 21.00 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19.40 часот во Скопје, тој и неговата сопруга влегле во такси возило, кое ги однело од трговски центар во Скопје до крстосницата помеѓу бул.„Кузман Јосифовски Питу“ и ул.„Беласица“. За превозот на такси возачот му платиле 200 денари за еден километар. Но, возачот им кажал дека не е доволно и од паричникот на оштетениот сам одзел околу 1.700 денари, а потоа им рекол да го напуштат возилото“, информираат од МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа