Гостивар: Среде ноќ пукал во кучето на соселанец

 


Ноќеска во 00:50 часот од страна на полицијата во Гостивар е уапсен 41-годишниот М.Н. од гостиварска Долна Бањица.

Тој бил пријавен од страна на Љ.Л.(61) кој е негов соселанец дека еден час претходно околу 23:30 часот со воздушна пушка пукал кон неговото куче при што го ранил.


 

М.Н. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

07.10.2024 - 15:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега