Мицкоски: Ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра
Ваучер за набавка на електронски уреди во вредност од 250 евра најави премиерот Христијан Мицкоски на Годишната конференција на Унијата на млади сили (УМС).
-Обзнанувам дека Владата ќе поддржи во наредните месец дена, преку јасни критериуми и јасен систем, ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди, за сите, повторувам за сите студенти во државава, за сите до еден, рече Мицкоски на Конференцијата во Охрид.
Премиерот смета дека на овој начин се создаваат услови за младите да можат да делуваат, да учат, создаваат, и да стекнуваат вештини кои подоцна ќе бидат применети за иднината и за Македонија.
-Младите се сила, иднина и нашата надеж, но сето тоа е бесполезно ако ние не им создадеме услови, рече Мицкоски.
Според него, со оваа мерка сите студенти ќе имаат пристап до електронски уреди со што ќе можат да го следат светот на дланка и да се градат како личности што не било случај во минатото за најголемиот дел од младите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа