Трибина „Кочани е нашиот приоритет“ денеска во Владата: Директорите од СОЗР, ФЗО и Црвен крст ќе говорат за Кочани
Во Медија центарот во Владата денеска ќе се одржи трибината „Кочани е нашиот приоритет“.
Како што информираат од владината прес-служба, на трибината ќе се обратат директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски, директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и генералниот директор на Црвен крст, Саит Саити.
Модератор на трибината ќе биде портпаролот на Владата, Марија Митева.
05.06.2025 - 09:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа