„Данка е жива, продадена е и видена во Дизелдорф“, вели еден од обвинетите

 


Заедно со синот Дејан и Срѓан Јанковиќ, Радослав Драгијевиќ денеска се соочува со обвинение за убиството на Данка Илиќ. Во интервју за Телеграф.рс, по покренувањето на обвинението, тој ја негираше вината, нагласувајќи дека „ништо не му можат“ и дека „нема докази“ против него.

Тој го изнесе и шокантното тврдење дека девојчето Данка Илиќ е живо, дека е продадено и дека е видена во Дизелдорф.

Според него, информациите ги добил од лице кое тврди дека ги поседува фотографиите. Новинарите на Телеграф го пронашле во неговата куќа во селото Злот.

„Мојот Дејан не е крив. Има многу нелогичности, не може така да убијат дете. Не можете да ископате дупка за три минути“, изјави Радослав.

Радослав говорејќи за неговото тврдење дека девојчето е живо, истакна дека се му објаснило лице блиско до семејството.

Ја виде мојата болка и самата ме контактираше, сакаше да ми помогне и тврдеше дека малата е продадена, дека е во Дизелдорф, Германија“, изјави Радослав.

Иако изразува жалење за судбината на Данка, Радослав е убеден дека таа е продадена и не верува дека ќе се врати и покрај сите докази и службената истрага, па дури и самиот тој е обвинет.

Обвинението за убиството на Данка Илиќ денеска беше покренато.

„Вишото јавно обвинителство Заечар на 24.09.2024 г. поднесе обвинителен акт против Дејан Драгијевиќ (50) и Срѓан Јанковиќ (50) за тешкото убиство на детето Данка Илиќ од Бор, извршено на 26.03.2024 година. Во обвинението е опфатен и Радослав Драгијевиќ (73), татко на Дејан Драгијевиќ, за непријавување кривично дело и помагање на сторителот по извршувањето на кривичното дело“, соопштија за Телеграф.рс од Вишото јавно обвинителство.

25.09.2024 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега