Ja голтнал дрогата што си ја купил, па заврши во болница - полицајците фатија дилер, а и негов клиент
48-годишен велешанец заврши во болница ја голтнал дрогата којашто ја купувал. Тој тоа го сторил во паника откако ја видел полицијата.
Како што информираат од полицијата двајца велешани биле фатени од полициските службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес.
Полицијата соопшти дека 39-годишниот Ѓ.Д. бил затекнат во моментот кога му продавал две пакувања кафена прашкаста материја на 48-годишниот М.Т. во близина на центарот на Велес. Сепак, М.Т. ги забележал полициски службеници и панично ги проголтал пакувањата, по што бил веднаш пренесен во болница во Велес.
„Полицијата продолжила со акцијата и со судска наредба извршила претрес во домот на Ѓ.Д., при што пронашла 14 дополнителни пакувања кафена прашкаста материја, како и парични средства. Одземената дрога и материјалите ќе бидат предмет на понатамошно испитување“, информираат од полицијата.
По целосно документирање на случајот, против Ѓ.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа