Мисајловски се сретна со Чанел - разговараа за продлабочување на одбранбената соработка

 


Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Кралството Холандија, Н.Е. Озлем Чанел, на која и посака успешна дипломатска мисија и ѝ порача дека Министерството е посветено на унапредувањето на билатералната одбранбена соработка со сојузничка Холандија.

Мисајловски се заблагодари за силната холандска поддршка во процесот на интеграција во Европската Унија и ја истакна важноста на воспоставената сојузничката соработка во рамките на кооперативната безбедност, управувањето со кризите и колективната одбрана.

На средбата на која што присуствуваше и одбранбеното аташе, потполковник Јурген Флајшман, се разговараше за можностите за продлабочување на одбранбената соработка, особено за можноста за искористување на националните капацитети на двете земји во доменот на военото образование, обуката и заедничките армиски вежби.

12.11.2024 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега