Русите разнесоа брана: Се поплавија повеќе села во Доњецката област
Руските сили наводно ја разнеле браната Курахивка во окупираниот дел на Доњецката област, предизвикувајќи поплави во околните села на патот кон Бахатир.
Патиштата се се уште проодни, но воведени се ограничувања поради поплавите.
– Кураков е на работ: руските сили ги засилуваат нападите од север, југ и исток, обидувајќи се да го опколат градот и да ги пресечат украинските логистички линии на автопатот Запорожје-Доњецк – напиша таа на Х.
Војната во Украина значително ескалира во последните денови, при што двете страни ги изведоа најинтензивните напади со дронови во текот на викендот од почетокот на конфликтот пред речиси три години. Русија прави бавен, но постепен напредок на фронтот, сè повеќе го стега обрачот околу Покровск, каде што нејзините позиции сега се на само на шест километри од градот.
Во меѓувреме, Русија се обидува да употреби значителни воени сили за да ги истисне украинските војници од западниот регион Курск, потврди украинскиот врховен командант Олександр Сирски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа