Апсење на аеродромот во Охрид: Во ташната на 19-годишна девојка пронајдени куршуми

 


Вчера во 07.20 часот на Граничниот премин - Аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, на излез од државата, полициски службеници ја лишија од слобода М.М.(19) од тетовското село Жилче.

При преглед во нејзината торба на рентген апарат биле пронајдени девет куршуми за пиштол калибар 7,65 милиметри.

Увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

03.12.2024 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега