ВИДЕО: Алекс и Дејан новите наследници на Талант и Пепи

Ракометарите на Вардар и Металург Алекс Душебаев и Дејан Манасков уште од мали имале желба да станат ракометари како нивните родители, Талант и Пепи, луѓе кои оставија незаборавна трага во историјата на ракометот. 

Талант Душебаев беше еден од најдобрите централни бекови во светот на сите времиња, а неговиот син Алекс Душебаев, е еден од клучните играчи во екипата на Вардар, кој настапува на позицијата десен бек.

Пепи Манасков, човек познат и како ракометарот на 20-от век во Македонија, својата блескава ракометна кариера ја имаше долги 29 години, период во кој настапуваше во бројни клубови во земјата и странство. Остана запаметен по неговиот разорен удар од кого стравуваа голманите, и речиси на секој натпревар на кој што настапуваше, беше на врвот на листата на стрелците. Неговиот син Дејан игра за Металург, но за разлика од својот татко, тој настапува на позицијата лево крило.

Но Алекс и Дејан, не се единствените ракометни наследници на славните родители. Дури и нивните браќа Дани и Мартин, исто така се надежни ракометари .

 

На овој линк можете да го погледнете видеото, што го направи ракометниот портал “handball-magazine.com” за ракометната традиција на семејствата Душебаев и Манасков:

23.12.2013 - 14:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега