Грчките медиуми го пренесуваат интервјуто на Иванов за МИА: Решение за името без навлегување во идентитетските прашања

 

Повеќето грчки медиуми денеска пренесуваат извадоци од интевјуто на престедателот Ѓорѓе Иванов за МИА, со акцент на неговите коментари во врска со прашањето за името.

„Решение за прашањето за името може да се најде под услов да не се навлегува во прашања за националниот идентитет“, ја пренесува „Скај“ изјавата на Иванов за МИА.

Грчките медиуми нагласуваат дека македонскиот претседател рекол оти целиот државен врв е усогласен околу нашата позиција“ за прашањето за името и оти „процесот може да има завршница, ако се остане во рамките на резолуциите на ОН, Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд“.

За грчките новинари кои пишуваат за прашањето околу името интересна е и изјавата на Иванов дека „100 години по балканските војни некои политичари кај нашите соседи се уште живеат со таа реторика и со тие претстави кои биле за време на балканските војни“.

- Живееме во нов свет, ЕУ ни се нуди како проект кој треба да не обедини врз основа на вредности, критериуми, принципи. Таа Европа ние ја сакаме, не сакаме Европа која уценува, па дури и поставува ултиматуми. Ако важеле едни принципи за сите членки, тие треба да важат и за нас. А, не ние да сме исклучок во ОН со дополнителен услов при нашето членство, да сме исклучок во НАТО со дополнителен услов, па и сега во ЕУ ние да сме исклучок. Тоа навистина фрустрира. Јас тоа отворено го кажувам и на самите европски лидери, ја пренесуваат грчките медиуми изјавата на македонскиот претседател.

најчитано сега