Работнички ја оправда фаворитската улога на средбата со Напредок

На единствениот денешен дуел од 18.коло во Првата македонска фудбалска лига, Работнички на домашен терен предводен од Борче Маневски, кој постигна „хет-трик“ го победи Напредок од Кичево со 4:3.

Домаќините со головите на Александар Милушев и Маневски ги добија првите 45 минути со 2:0. Во второто полувреме гостите преку Дејан Цветаноски во 53. и Владимир Мојсовски во 60.минута изедначија на 2:2 и најавија изненадување, но следуваа уште два гола на Маневски (71. и 83.минута) за враќање на предноста на Работнички од два голови разлика. До крајот, во 89.минута Напредок успеа само да намали со голот на Куштрим Балази во 90.минута од пенал.

По денешната победа „романтичарите“ се наоѓаат на лидерското место на табелата, а дали ќе останат таму по комплетирањето на колото ќе се дознае утре за кога се закажани другите пет натпревари од оваа рунда.

30.11.2013 - 14:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега