Роналдо: Не ме споредувајте со Меси!

Португалската ѕвезда во Реал Мадрид, Кристијано Роналдо смета дека не треба да се мерат неговите способности со оние од фудбалерот на Барселона Лионел Меси, затоа што како што вели тие двајца се различни типови на играчи и дека нема место за споредби.

„Фудбалот е тимски спорт и никој не може да стане голем играч ако нема големи соиграчи. Не знам како би успеал ако ја немав поддршката на луѓето од клубот, тренерите и од навивачите, како и од моето семејство“, вели Роналдо.

Роналдо вели дека со доаѓањето на Герет Бејл во Реал Мадрид, тој имал повеќе опции во нападот. 

„Сакам да играм со Бејл. Тој ни дава повеќе можности напред. Како Вејн Руни додека го носев дресот на Манчестер Јунајтед, добро соработував со него. Лесно е да се работи со добри фудбалери“, истакнува Португалецот.

Напаѓачот кој што неодамна речиси сам го понесе товарот за пласман на неговата португалска репрезентација на СП во Бразил, успевајќи да постигне четири погодоци во двомечот со Шведска, годинава во шпанската фудбалска лига постигна 17 погодоци во 14-те меча, а притоа забележа и пет асистенции. 

И покрај неговите постигнувања, Реал Мадрид во моментов се наоѓа на третото место во Ла Лига, со 34 освоени бодови, шест помалку од водечката Барселона.

29.11.2013 - 14:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега