ЕУ загрижена за состојбата на Тимошенко

Со загриженост слушнавме за прогласениот штрајк со глад на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, изјави на прес конференција Маја Кочијанчич, портпарол на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

Таа додаде дека не се предвидува претставник на Русија да учествува во претстојната средба на шефовите на држави и влади на ЕУ со нивните колеги од Источното партнерство, закажана за крајот на неделата.

-Средбата во Вилнус е меѓу ЕУ и неговите шест источни партнери, појасни Коцијанчич.

„Нема место за трет партнер во билатералните преговори“, изјави Кочијанчич, запрашана за оценка на изразената подготвеност на Москва да се вклучи во разговорите меѓу Брисел и Киев по повод потпишувањето на спогодбата за асоцирање на Украина со ЕУ.

Портпаролот уште еднаш ја повтори позицијата дека предлозите на ЕУ кон Киев за потпишување на спогодбата, што украинските власти претходно го замрзнаа, остануваат во сила.

„Ќе останеме во конструктивен контакт со Киев, очекуваме на средбата во Вилнус да се утврди декларација дека ЕУ и земјите од Источното партнерство ќе одат по патот на политичка соработка и економско зближување“, додаде таа.

26.11.2013 - 14:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега