Снег на Стража, Маврово и Попова Шапка

Сообраќајот на сите државни патишта низ Македонија се одвива непречено, по влажни коловози поради врнежи од дожд во поголемиот дел од државата. Слаби врнежи од снег во текот на минатиот ден беа забележани на планинскиот премин Стража,Маврово и П.Шапка, но и на тие места нема задржување на коловозот и без застои во сообраќајот. Појава на магла има по текот река Вардар со видливост од 100 до 200 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони. 

 На патните правци Кочани - брана Калиманци (А3), Раброво - Костурино (Р1401) и Македонска Каменица - Делчево (А3) се врши надоградба на асфалтната подлога и санација на риголите, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива непречено, а се очекува градежните работи да одвиваат до средината на декември. На пат. правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. На патниот правец Велес - Кадрифаково се изведуваат градежни работи, кои во првата фаза и се одвиваат од клучка Велес, крај на трета лента (депонија Велес) до Лозово, Сарамзалино. Патниот правец Р2 332, Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора сезонски за сообраќај на сите возила од 15.11.2013 до 31.03.2014 год. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

25.11.2013 - 08:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега